Се степаа играчи на Загреб, клубот ги суспендираше

Ракометниот клуб Загреб информираше дека привремено се суспендирани двата леви бека, српскиот интернационалец Милош Кос и домашниот Звонимир Срна.
Овие двајца ракометари се степале по натпреварот со Нант што Загреб го загуби на домашен терен (22-25). Иницијатор на тепачката бил четири години помладиот Милош Кос (22) кој згора на сѐ имаше и слаба вечер против Нант (1/7).
Хрватските медиуми, пак, велат дека до тепачка во соблекувалната дошло откако Милош Кос го нападнал голманот Матеј Мандиќ кој наводно потоа завршил во болница. Срна се вмешал во одбрана на Мандиќ и таа „акција“ ќе ја плати со суспензија. Но, тоа засега се нагаѓања.
До комплетирањето на целиот случај и носење на конечна одлука, клубот Загреб нема да го коментира настанот и најави правовремено инфомирање на јавноста откако ќе биде затворен случајот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk