Прв пораз и нова повреда во Барса

Веќе нема непоразени екипи во Лигата на шампионите, откако во деветтото коло, Магдебург на домашен терен и го нанесе првиот пораз на Барса (33-28) и за еден бод ги мина на табелата екипите на Келце и Колстад кои сега се на шестото и седмото место, пред последниот Загреб.
Поразот нема да и промени многу работи на Барса, таа и натаму е на првото место на табелата, со три бода повеќе од второпласираниот Сегед.
Но, тоа што повеќе загрижува каталонската екипа е што на овој меч се повреди и првиот пивот, Луиш Фраде кој доби удар во рамото, по што беше седнат на клупата и веќе не влезе во игра.
Барса во моментов на листата на повредени ги има Дика Мем, Јонатан Карлсбогард, Алеиш Гомез, Пол Ровира и Хаиме Родригез.
Добрата вест е што Луиш Фраде на терен ќе биде повторно за околу две недели и настапот на СП не му е доведен во прашање.

фото: FC Barcelona

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk