Кипријановска: Ќе биде подобро, видовме дека можеме

Македонија очекувано беше поразена на натпреварот со Шведска и сега сите сили и целиот фокус ќе биде на следниот меч кој ќе биде се или ништо во битката за третото место за кое ќе се бориме со Турција. 
Македонија против фаворитот Шведска имаше и добри моменти, во првите десет-дваесет минути и во последните десетина минути. Шведска објективно е поквалитетен и поамбициозен состав, на Македонија добрите моменти да ги повтори и утре, а лошите да ги елиминира преку ноќ. 

Јована Кипријановска, леворакиот бек на нашиот тим исто како и тимот, имаше добри моменти, а од целиот меч се фокусира на позитивните страни, неопходни за одржување на духот пред најважниот меч. 

Натпреварот го почнавме добро, Во тој период видовме дека можеме да бидеме еднакви со екипи како Шведска кои се секогаш меѓу најдобрите. Но, потоа направивме многу технички грешки и ја загубивме самодовербата. Затоа и се случи тоа што се случи, но покажавме дека можеме да играме против секого и дека имаме шанси и за победа на следниот меч.
Што се однесува до мојот перформанс, беше ОК, но можам да бидам подобра во носењето на одлуки. Имав технички грешки, но мислам дека на следните два натпревари севкупно ќе биде подобро“, изјави Кипријановска. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk