Алкалоид тргнува по 1/8 финале во ЕХФ Куп

Алкалоид, единственот македонски претставник што опстана во ЕХФ Европскиот Куп денеска ќе го одигра првиот натпревар од третото коло од ова европско натпреварување, во обид да ја запише својата четврта европска победа во историјата и да се пласира во Топ 16.
Противник на македонскиот претставник е Вест Виена од Австрија, млада екипа која во Скопје доаѓа со „високи очекувања и во потрага по чудо“, како што изјави нивниот тренер во најавата на двомечот.

Алкалоид двата меча ќе ги игра во салата „Автокоманда“ и тоа значително ги зголемува шансите за исполнување на зацртаната цел.
Првата средба ќе се игра вечерва со почеток од 19 часот, Алкалоид е и формално домаќин на тој натпревар, а утре во истото време ќе се игра и вториот меч на кој улогата на домаќин ќе му биде доделена на тимот на Вест Виена.

„Очекуваме противник што игра брзо, а тоа е игра и нам што ни одговара“, изјави тренерот Кирил Лазаров на прес конференцијата на која беше најавен натпреварот. Стилот на игра е сличен на литванската Клаипеда со која Алкалоид играше во второто коло, квалитетот на екипите е сличен, се надеваме дека и епилогот ќе биде како во второто коло.

ТВ пренос од овој натпревар, ќе има на каналот МТВ 3.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk