Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Алкалоид, е на прагот да го подобри својот рејтинг, имиџ во ракометна Европа со евентуален пласман во 1/8 финалето на ЕХФ Куп.
Во петок и сабота во „Автокоманда“ ќе се одиграат двата натпревари од третото коло меѓу Алкалоид и австрскиот претставник Вест Виена. Победникот од овој двомеч во вторник ќе го чека исходот од ждрепката за Топ 16 што ќе се игра во февруари следната година.
Двата натпревари ќе се играат во салата „Автокоманда“. Во петок (29 ноември) и сабота (30 ноември). Двата натпревари се закажани со почеток од 19:00 часот.
РК Алкалоид денеска одржа прес конференција на која двомечот го најавија тренерот Кирил Лазаров и ракометарот Мартин Серафимов.
„Второто коло го поминавме против незгодна литавснка екипа. Сега добивме за противник доста воиграна екипа, која е составена од младински репрезентативци од Австрија, тим против кого нашите младинци одиграа ова лето нерешено.
Противникот е технички добро подготвен и трча многу добро. За нас како тим тоа ќе биде одлично бидејќи играме ист ракомет. Гледачите во рок од 48 часа ќе можат да гледаат два добри мечеви. Наша цел е победа, но за тоа треба да одиграме. Мораме да бидеме максимално сериозни во пристапот, наша цел е да го надоградуваме нашиот систем. Се надевам дека ќе има што повеќе публика во Автокоманда. Овие момци во периодот во кој измина заслужија да имаат поддршка особено на европски натпревари“, изјави Кирил Лазаров.
На прес-конференцијата мечот го најави и Мартин Серафимов, кој исто така најави дека нивната цел е победа на двата меча.
„Успешниот старт на Европскиот Куп, ни следат два меча на домашен терен со Вест Виена. Подготвени сме да ги исполниме обврските и да го прифатиме предизвикот и секако да ги добиеме натпреварите. Се надевам дека ќе има поддршка од публиката“, рече Серафимов.
Поврзани вести