ЕП 2024: Македонија - Шведска, каде да гледате?

Денеска почнува женското ракометно Европско првенство на кое ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.
Втор пат првенството ќе го организираат три федерации, а тоа ќе бидат Австрија, Швајцарија и Унгарија. Континенталниот шампионат прв пат ќе се игра со 24 репрезентации, а Македонија преку квалификациите успеа да обезбеди пласман.
Македонскиот тим натпреварите од Прелиминарната фаза ќе ги игра во Дебрецен, град каде што во 2022 и машката репрезентација настапи на ЕП.
Македонија е во група со Шведска, Турција и Унгарија. Две репрезентации продолжуваат во Главната рунда, за две репрезентации првенството ќе заврши по три одиграни натпревари. Битно е да се напомене дека третопласираната репрезентација во групата ќе има шанса да се пласира во првиот шешир од квалификациите за следното Светско првенство што ќе се игра во Германија и Холандија.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра вечерва, со почеток од 20:30 часот, а противникот е топ фаворитот во групата – Шведска.




Овој натпревар ќе биде директно пренесуван на каналот ТВ Арена Спорт 2.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk