Висла спрема нов мега трансфер

Полскиот првак Висла Плоцк игра сезона за заборав во Лигата на шампионите, но сите рефлектори се свртени кон нивната следна сезона и неколкуте големи засилувања што ги потврдија или најавија. 
Веќе се знае дека таму доаѓа Мелвин Ричардсон од Барса, но тој нема да биде единственото големо име, можеби нема да биде ниту најпознатото во нивните редови.

Неколку месеци се „шушка'“ а сега и јавно се прзоборе дека Висла Плоцк преговара за трансфер на Сандер Сагосен од Колстад. 
Враќањето на еден од најпознатите светски играчи во Норвешка не го даде ефектот што се очекување. Колстад загриза преголемо парче и сега се дави во финансиската бура поради која неколку играчи веќе заминаа, а изостанаа и големите резултати.
Сагосен е алфа играчот во овој проект, но и најголемиот трошок на тимот, а и неговата слава е во брза надолна линија, па не би била сензација и да замине. Висла Плоцк, пак, со ангажманот на Ричардсон и евентуално Сагосен, влегува во избраното високо друштво во ракометната Европа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk