ЛШ денеска, каде да гледате?

Денеска почнува деветтото коло од ракометната Лига на шампионите која по календарот и распоредот на ЕХФ се игра среде недела и овој пат се поклопува со фудбалската Лига на шампиони.
Тоа ги истурка ракометните средби далеку назад во програмската шема на единствениот ТВ сервис кој ги пренесува на овие натпревари, па ако сакате денеска во живо да гледате ракомет, ќе мора да ги најдете каналите ТВ Арена Спорт 7 (Магдебург – Барса, 20:45 часот) или ТВ Арена Спорт 8 (Загреб – Нант, 20:45 часот).
Од 18:45 часот пак, без најавен ТВ пренос, ќе играат Алборг со Келце и Колстад со Сегед.

Магдебург - Барса е дуелот што е во центар на вниманието. Ранетиот германски клуб сезонава ги трпи сите последици на напорното играње цело лето (Ф4, Олимписки игри) и резултатски е во криза, но ниту Барса не е поштедена, па додаде и петти играч на листата на повредени. Тоа е крилото Алеиш Гомез кој ќе го пропушти денешниот меч исто како и Мем, Карлсборгард, Гаљего и Валера. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk