Уште два дена остануваат до стартот на ЕХФ Еуро 2024, а Македонија на ова ЕП ќе се натпреварува во градот Дебрецен каде во Прелиминарната фаза во битка за првите две места што ќе водат во Главната рунда ќе игра со репрезентациите на Шведска, Турција и Унгарија.
Шансите на нашиот тим да успее во оваа конкуренција се под минимумот, но постои шанса на натпреварот со Турција да игра за победа, а тоа не е небитно затоа што би можело да носи поволност во ждрепката во квалификациите за СП.
Квалификациите за СП 2025, пак, би требало да бидат изведени на следниов начин:
Европа ќе има вкупно 17 места на мундијалот во 2025. Директно без учество во квалификации се пласирани домаќините Германија и Холандија и светскиот првак Франција. Најдобрите три репрезентации од претстојното Европско првенство несметајќи ги веќе пласираните, исто така ќе бидат директно пласирани на мундијалот.
Други 11 репрезентации ќе играат квалификациски бараж дуели. Тие според плсманот на ЕП 2024 ќе бидат поделени во два шешира.
Тоа ќе бидат репрезентациите што ќе се пласираат во Главната рунда и пет од вкупно шест третопласирани репрезентации по групите.
За да обедбзеди место во првиот шешир, Македонија ќе мора да биде подобропласирана на пример од Турција, но и да не биде најслабата третопласирана екипа од сите групи.
Ранкингот од 13 до 18 место, а тоа се третопласираните репрезентации ќе се одредува според бројот на освоени бодови како критериум 1, потоа вкупна гол разлика (2), број на постигнати голови (3) и конечниот пласман на најдобрата репрезентација од групата како четврти критериум. Ако има ситуација одново да не може да се одреди пласманот, како конечен критериум е фер плеј табелата.
Украинските судии Марина Дупли и Олена Победрина се делегирани на натпреварот од првото коло од Европското првенство 2024 меѓу репрезентациите на Македонија и на Шведска.
Натпреварот ќе се игра во Унгарија во среда, со почеток од 20:30 часот.
Поврзани вести