Топ вести: РНЛ праќа играч во Колстад, Веспрем нуди „трампа“...

Десниот бек/крило на германскиот Рајн Некар, Арнор Оскарсон преминува во редовите на норвешкиот тим Колстад, со договор кој подразбира моментален трансфер.

Веспрем можеби ќе плати помалку од побараните 300.000 евра за трансфер на Ахмед Хешам во Монпеље, затоа што во трансферот може да биде вметна и шпанскиот бек Агустин Касадо.

Самир Беласен, голманот кој дојде како заменско решение во Кил, а потоа беше отстапен на Штутарт со кого потпиша договор, следната сезона би требало да биде на голот на Динамо Букурешт. Не само тој, како француски пакет, тренерот на романскиот тим Давид Дејвис го носи и крилниот играч на Данкерк, Том Пелајо.

Легендарниот шпански ракометар, Антонио Гарсија објави дека ја игра својата последна сезона во кариерата. Гарсија кој е ракометар на Гранољерс има полни 40 години.

Веспрем потпиша двегодишен договоро со 20 годишното крило Робин Молнар. Овој ракометар се наоѓа на поширокиот список на селекторот Чема Родригез во репрезентацијата на Унгарија.









 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk