Вардар - Мелзунген, каде да гледате?

Екипата на Вардар 1961 денеска ќе го одигра својот последен европски натпревар сезонава. Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп вечерва во рамки на последното коло од групната фаза на домашен терен ја пречекува бундеслигашката сензација Мелзунген предводена од Гарсија Парондо, а скопската публика одново ќе се сретне и со добро познати играчи како Даинис Криштопанс и Рожерио Мораеш кои се запишани во златната ера на клубот.
Мелзунген ја оправда фаворитската улога во групата победувајќи на сите дуели досега, а второто место ќе го заземе Порто кој вечерва игра со Валур од Исланд, но пласманот на второто место го верификуваше со двете победи над Вардар. Овие две екипи, напредуваат во следната, Главна фаза од ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот тим, со една победи еден нерешен резултат од дуелите со исландскиот Валур, сезоната ја завршува на третото место.
Натпреварот ќе се игра во „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.
Директен ТВ пренос ќе можете да следите на каналот ТВ Арена Спорт 5.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk