Парондо нема да му олесни на Вардар

Европската авантура на Вардар завршува утре со меч против германскиот тим Мелзунген предводен од Гарсија Парондо кој беше тренер на Вардар во шампионската 2019 година.
Вардар во ЕХФ Европската лига сезонава има една победа и едно реми како позитивни резултати, двата остварени на дуел со исландскиот тим Валур.
Мелзунген е убедливо прв, второто место заслужено го освојува тимот на Порто.
Гарсија Парондо нема да му ја олесни работата на клубот со кој се прослави и му ја смени кариерата и животот.
Во Скопје доаѓа со речиси комплетниот бундеслигашки тим, за разлика на пример од гостувањето на Исланд каде што поштедени беа дури седум ракометари.
Па сепак, Мелзунген нема да биде комплетен, но не од тактички причини, туку принудно.
Добрата вест за црвено-црните е што играчот што им направи најголеми проблеми на првото соочување, голманот Адам Моравски нема да биде во составот. Тој е болен и остана дома.
Второто отсуство е на данскиот бек Арон Менсинг. Тој заработи повреда на дуелот што Мелзунген неочекувано го загуби од Ајзенах. Менсинг ќе биде надвор од теренот неколку недели.
Натпреварот се игра утре во „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.

Foto: MT Melsungen

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk