Жарко Марковиќ ја „реши“ Азиската лига

Екипата на Ал Шарјах од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) стана првиот клуб од оваа земја што победил во Азиската клупска лига откако во финалето на турнирот минимално со совлада тимот на Калеј од Саудиска Арабија со 27-26.

Поранешниот играч на Металург, Жарко Марковиќ беше најефикасниот на натпреварот со седум гола од девет обиди, вклучувајќи ги и двата последни во серијата од четири гола со кои Шарјах дојде до победа која му носи и пласман на следното Светско клупско првенство што ќе се игра во Египет во 2025.
Калеј, екипа во која настапува уште еден поранешен играч на Металург, Немања Младеновиќ, водеше во 55 минута со три гола разлика, но до крајот не успеа да постигне гол.

Во Азиската клупска лига судеше и македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Тие меѓудругото ја делеа правдата и на полуфиналениот меч меѓу Калеј и Духаил што го доби тимот од С. Арабија со 23-21.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk