„Страшен“ пораз и „сигурна“ елиминација на Целје

Екипата на Целје Пивоварна Лашко важеше за еден од најголемите фаворити за освојување на годинашниот ЕХФ Европски Куп и тим што не го сакавме или препорачувавме за противник на македонскиот Алкалоид кој е единствениот од трите македонски претставници во ова натпреварување што опстана во третата и има големи шанси да се пласира во 1/8 финалето.
Сликата за силата и можностите на Целје во кој играат и познати имиња како Млакар, Макуц, Мазеј денеска комплетно (ни) ја смени норвешката екипа Рунар Сандефјорд, во моментов третопласиран тим во норвешкото првенство.
Рунар вечерва го совлада Целје со неверојатни 13 гола разлика и извесно ќе го елиминира од ЕХФ Куп и патем ќе го заземе неговото место по ранкингот (8) со што станува потенцијален противник на Алкалоид за евентуалното 1/8 финале.

РЕЗУЛТАТИ:  
*Драмен (Нор) - Леотар (БиХ)  33-30
Полва (Ест) - Бешикташ (Тур)  26-24
Бистрица (Свк) - БК-46 (Фин)  28-31
*Арендал (Нор) - Диомидис (Грц)  19-23
*Бриксен (Ита) - Ловосице (Чеш)  32-26
Турда (Ром) - Олимпијакос (Грц)  27-32
Пореч (Хрв) - Крка (Сло)  21-23
Кремс (Аут) - Партизан (Срб)  25-24
Раховец (Кос) - Баја Маре (Ром)  31-38
НЕДЕЛА:
Мистра (Ест) - Јерузалем (Сло)  30-34
Ловосице (Чеш) - Бриксен* (Ита)  29-34
Диомидис (Грц) - Арендал* (Нор)  36-33
Рунар (Нор) - Целје (Сло)  41-28
Мотор (Укр) - Извиѓач (БиХ)  33-32
Анортозис (Кип) - Винтертур (Шва)
Леотар (БиХ) - Драмен* (Нор)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk