Веспрем купува скапо засилување од Франција

Екипата на Монпеље, двократниот европски првак од Франција и натаму важи за клуб што има најквалитетен центар на формација, а скаутите на овој тим вршат одлична работа во селекцијата на ракометари што добиваат понуда да играат во оваа екипа.
Следствено ракометарите на Монпеље се на цена во Европа, а за следната сезона веќе им го „разграбуваат“ тимот. Тоа полека се претвора во проблем за нив кога ќе се искомбинира со долгорочните повреди на Скубе и Вилмино, една свеќичка повеќе во роденденската торта на Симонет, најавеното заминување на Карл Конан во ПСЖ и враќањето на позајмениот Ѓорѓе Цикуша во Барса.
Актуелна вест во француските медиуми денеска е дека од Монпеље предвреме заминува бекот од Египет, Ахмед Хешам. Тој има договор до 2027, но беше поврзан со трансфер во Висла Плоцк. Сепак, не е Висла екипата спремна да плати отштета, туку Веспрем. Неофицијално, цената за предвремениот раскин на договорот е 300.000 евра.

Ако не знаевте: Ахмед Хешам беше прогласен за МВП и четврти најдобар стрелец на Светското кадетско првенство што во 2019 година се играше во Македонија. Тој заедно со Хасан Кадах (Келце) кој беше најдобар стрелец и ол стар бек го одведоа Египет до златниот медал на мундијалот.

foto: RFM
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk