Се прочистува списокот на можни ривали за Алкалоид

Викендов ќе се одиграат првите натпревари од третото коло на ЕХФ Куп каде што се натпреварува и македонскиот Алкалоид. Првите резултати најавуваат интересни реванш натпревари, а веќе се надѕираат и изненадувања.
РК Алкалоид своите натпревари од третото коло ќе ги игра следниот викенд, петок/сабота во Автокоманда против австриската екипа Вест Виен. 

Екипата на Бриксен од Италија славеше победа над Ловосице од Чешка од 32-26 на првиот меч. Двата дуела се играат во Чешка и ако денеска Бриксен ја одбрани разликата, тогаш ќе го преземе рејтингот на Ловосице и условно (Алкалоид треба да се пласира во следна фаза) станува потенцијален противник на Алкалоид во 1/8 финалето. Истото важи и за екипата на Диомидис Аргус од Грција. Тие двата меча со норвешкиот Арендал ги играат на домашен терен, а на првиот победија со 23-19. Арендал е трет на ранг листата и ако Диомидис се пласира во 1/8 финалето станува потенцијален противник на Алкалоид.
Од можните противници на Алкалоид, издвојуваме дека пласман би требало да обезбедат и Олимпијакос кој на гости ја совлада ноќната мора на Охрид, романската екипа Турда, со пет гола разлика и Крка која беше подобра од хрватскиот Пореч на гости со два гола разлика.
На овој список е и романската екипа Баја Маре, рангирана како број 2 во ЕХФ Куп. Тие со седум гола разлика како гости го совладаа тимот на Раховец од Косово. Таму е тренер Горан Андоновски кој имаше одлични резултати, но во оваа фаза од натпреварување налета на екипа што е од друг ранг и извесно ќе биде елиминиран.


ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП
РЕЗУЛТАТИ:  
*Драмен (Нор) - Леотар (БиХ)  33-30
Полва (Ест) - Бешикташ (Тур)  26-24
Бистрица (Свк) - БК-46 (Фин)  28-31
*Арендал (Нор) - Диомидис (Грц)  19-23
*Бриксен (Ита) - Ловосице (Чеш)  32-26
Турда (Ром) - Олимпијакос (Грц)  27-32
Пореч (Хрв) - Крка (Сло)  21-23
Кремс (Аут) - Партизан (Срб)  25-24
Раховец (Кос) - Баја Маре (Ром)  31-38
НЕДЕЛА:
Мистра (Ест) - Јерузалем (Сло)  30-34
Ловосице (Чеш) - Бриксен* (Ита)  29-34
Диомидис (Грц) - Арендал* (Нор)  36-33
Рунар (Нор) - Целје (Сло)  41-28
Мотор (Укр) - Извиѓач (БиХ)  33-32
Анортозис (Кип) - Винтертур (Шва)
Леотар (БиХ) - Драмен* (Нор)

* Екипата двата меча ги игра на гостински терен
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk