Викенд заокружен со големо дерби

Денеска се игра суперлигашко дерби во кое втор пат сезонава силите ќе ги одмеруваат екипите на Вардар 1961 и Алкалоид. По 11 одиграни кола, овие два тима се на врвот на табелата. Алаклоид со 11 победи од 11 натпревари, а зад нив е Вардар со 10 победи и еден пораз, токму од Алкалоид во првото коло во Автокоманда (30-33).
Ова е последниот натпревар од 12 коло, прво од вториот круг во кое се играат возвратните дуели, во случајов од првото коло.
Зад овие два тима на табелата е Пелистер кој има два пораза, од Вардар и Алкалоид, но во продолжението на сезоната, во оваа есенска фаза, битолчани на свој терен ќе ги пречекаат и двата денешни соперници. Со Вардар ќе играат во декември, а со Алкалоид по завршувањето на Светското првенство, односно во февруари.
Екипата на ГРК Охрид се наоѓа во кругот на екипи што би можеле да бидат Х фактор во првенството, а тие имаат домашен меч со битолчани и двапати ќе гостуваат во Скопје.
Дерби меч секогаш носи посебна тежина и важност, иако во конкретниот случај нема да може да реши големи работи, особено кога е Вардар во прашање. Од друга страна, Алкалоид со евентуална победа или освоен бод би можел да направи значеаен (ис)чекор кон освојувањето на првото место во есенската фаза.

Годинешниот шампионат се игра во поинаков формат од досега. Во пролетниот плејоф дел од првенството ќе се натпреваруваат првите шест екипи. Првопласираниот од есенскиот дел пренесува три бода, второ и третопласираните екипи по два, четврто и петто место носат капитал од по еден бод, а само шестопласираниот тим ќе стартува во плејоф без бодови.
Тие натпревари се играат на пролет, а дотогаш ќе има и прегрупирања, нови играчи, три екипи веќе ги сменија тренерите (Тиквеш, Вардар и Пелистер), има мундијал претходно за играње и воопшто, тешко предвидливо и со многу варијабли е целата равенка за да може денешната средба да игра клучна улога.

Натпреварот меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во салата „Јане Сандански“ со почеток од 19:00 часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk