Македонија поразена и од Србија на Кроација Куп

Македонската женска репрезентација загуби и од тимот на Србија на мини турнирот „Кроација Куп“. Денеска, нашиот национален состав е поразен со резултат 33-21, би рекле и очекувано по тоа што го прикажаа на теренот вчера, а не беше многу различно и денеска.

Резултатска рамноправност имаше во првите десетина минути, кога по водство на Србија од 5-3, нашиот селектор Кристијан Грчевски побара тајм аут.
Стана полошо, пред да стане подобро. Србија поведе со 7-3, а потоа следуваше најдобриот период и серија на Македонија од 3-0, крунисана со многу убав гол од дистанца на Седлоска.
Но, по ова тајм аут побара и Србија и од тој момент, работите тргнаа на полошо за нашиот состав. За кратко време разликата стана шест гола (14-8), а ништо на подобро не се промени и до крајот на натпреварот.

Истите грешки се повторуваа и на овој меч, слабата реализација и загубените топки беа и овој пат значајна ставка во статистиката и на крајот Србија запиша победа од 12 гола разлика.
Следниот противник на Македонија е екипа која е различен калибар и од нашите проотивници на Кроација Куп.
На 28 ноември се среќаваме со Шведска во рамките на првото коло од Прелиминарниот дел од Европското првенство. Шведска денеска играше пријателски натпревар со Полска и славеше победа од 16 гола разлика (38-22).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk