Денеска стартува третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување во кое настапуваа три македонски екипи, но единствено Алкалоид успеа да се пласира меѓу 32-те најдобри.
Алкалоид своите натпревари со Вест Виен од Австрија ќе ги игра следниот викенд (петок/сабота) во Автокоманда. Денеска, пак, почнува разврската на поголемиот дел од терените, има интересни дуели по кои ќе се преполоват потенцијалните противници на македонскиот тим во евентуалното 1/8 финале.
Олимпијакос, Ловосице, Извиѓач, Целје се од потенцијалните противници, а денеска ќе го видиме на дело и македонскиот тренер Горан Андоновски кој испишува клупска историја со екипата на Раховец од Косово. Не можат да кажат дека имаа среќа во ждрепката, за противник ја добија екипата на Баја Маре од Романија, но од друг агол – немаат ниту што да загубат.
ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП
ДЕНЕСКА:
Полва (Ест) - Бешикташ (Тур)
Бистрица (Свк) - БК-46 (Фин)
Арендал (Нор) - Диомидис (Грц) - двата мече се играат во Грција
Бриксен (Ита) - Ловосице (Чеш) - двата меча се играат во Чешка
Турда (Ром) - Олимпијакос (Грц)
Пореч (Хрв) - Крка (Сло)
Кремс (Аут) - Партизан (Срб)
Раховец (Кос) - Баја Маре (Ром)
НЕДЕЛА:
Мистра (Ест) - Јерузалем (Сло)
Ловосице (Чеш) - Бриксен (Ита)
Диомидис (Грц) - Арендал (Нор)
Рунар (Нор) - Целје (Сло)
Мотор (Укр) - Извиѓач (БиХ)
Анортозис (Кип) - Винтертур (Шва)
Леотар (БиХ) - Драмен (Нор) - Двата меча се играат во БиХ