Фото: ГРК Охрид
Денеска почнува 12 коло од македонската машка Суперлига, коло што ќе биде одбележано со дуелот меѓу двата првопласирани тима на табелата по 11 кола, екипите на Алкалоид и Вардар 1961. Тој меч ќе се игра утре во „Јане Сандански“, а денеска ќе се одиграат сите други натпревари.
Денешните натпревари се првите возвратни, почнува вториот (полу)круг, а резултатски најпредизвикувачки ќе бидат натпреварите што треба да одредат каков ќе биде распоредот на средината и долниот дел од табелата.
Интересни натпревари ќе има во скопски Пролет, во Велес, во Куманово...
Сите натпревари ќе може да се следат преку интернет пренос во живо (live stream) со линк преку официјалната страница на Ракометната федерација на Македонија.
СУПЕРЛИГА ДЕНЕСКА
15:00 ГРК Охрид – Радовиш
17:00 Е. Пелистер – ГРК Тиквеш
18:00 Бисинов – Струга
18:00 Куманово – Бутел Скопје
18:30 Пролет 62 – Прилеп