Македонија - Србија, каде да гледате?

Женската сениорска репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра својот втор и последен натпревар на Кроација Куп, мини турнир со три репрезентации што се одржува во Новиград, Хрватска. 

По вчерашниот дуел и пораз од репрезентацијата на Хрватска (18-26), одбраната македонска селекција денеска ќе се сретне со тимот на Србија, која исто така се подготвува за настапот на ЕП 2024. 

Почетокот на натпреварот е закажан за 16:00 часот, а ќе биде пренесуван на хрватскиот спортски канал MAXSport 2. 

Овој натпревар ќе биде последниот тест за македонските репрезентативки пред дуелот од првото коло на Европското првенство во кој се среќаваме со еден од фаворитите за медал на шампионатот, репрезентацијата на Шведска. Таа средба ќе се игра на 28 ноември во Дебрецин, а потоа Македонија во Прелиминарниот дел ќе игра уште и со репрезентациите на Турција (30 ноември) и на Унгарија (2 декември). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk