Македонија поразена од Хрватска на Кроација Куп

Женската репрезентација на Македонија запиша пораз од Хрватска на првиот дуел од Кроација Куп што се одржува во Новиград.

Македонскиот состав мечот со загуби со резултат 18-26, а селекорот Кристијан Грчевски има причини да биде незадоволен, особено со прикажаното во нападот, иако и одбраната не се прослави, а особено голманите денеска немаа свој ден. 
На една недела до старт на ЕП, не може да се очекува натпревар со жесток ритам и да се ризикува евентуална повреда која колку и да е мала поради краткиот период може да биде и фактор за пропуштање на првенството.Но тоа важи и за двата тима, а денеска Хрватска релативно лесно излезе на крај со нашиот тим.

Домашниот тим поведе со 6-3 по десетина минути игра користејќи ги пропустите во нападот на нашиот тим. Македонија успеа да се одржи, при резултат 5-7 имаше напад за намалување на еден гол разлика, но тој напад заврши со украдена топка, лесен гол, што беше вовед за два врзани погодоци водство од 9-5 и прв тајм аут.

Двата тима во следниот период не се прославија, резултатот доста време беше 11-6, имаше тенички грешки, промашени седмерци итн. Македонија одновно при резултат 12-8 пропушти два напада за намалување на негативата и тоа беше казнето со два гола до крајот на полувремето, од кој последниот беше вистински подарок за домашниот тим и конечни 14-8 на полувреме.

Во вториот дел ништо суштински не е се промени. Хрватска имаше константно водство кое беше 7-8 гола разлика, за конечно мечот да заврши со резултат 26-18.

Македонија, утре од 16:00 часот ќе игра против репрезентацијата на Србија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk