Вести: Скандал во Романија, Загреб купи играч од БиХ...

Загреб го ангажираше репрезентативецот на БиХ, десниот бек Недим Хаџиќ кој настапува во екипата на Борац Бања Лука објави медиумот Sportsport. Од екипата на Загреб, пак, според „Моцартспорт“, заминува српскиот интернационалец Михајло Радојковиќ и тој би требало да се пресели во екипата на Партизан.

Богатиот романски клуб Рапид Букурешт го отпушти генералниот менаџер откако против него беше покрената истрага од државни органи за злоупотреба на функцијата и поткуп. Тој наводно, побарал 200.000 евра од бизнисмен за доделување на договори за закуп на мензата во која се хранеле спортистите објавија романските медиуми.

Рапид Букурешт, неофицијално е заинтересиран за ангажман на поранешниот шпански селектор Карлос Вивер. Вивер последните две години работеше во Африка, во Ангола, а Рапид Букурешт наводно е причината поради која одбил богата понуда од репрезентацијата на Јапонија.


Еден од најдобрите германски пивоти, Јоханес Гола е заминување од Флензбург и трансфер кај моменталниот лидер во Бундеслигата, екипата на Мелзунген.


фото: sportsport ba







 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk