Хрватска - Македонија, каде да гледате?

Подготвителната фаза за македонската женска репрезентација пред настапот на Европското првенство што заеднички го организираат Унгарија, Швајцарија и Австрија е во последната етапа во која денеска и утре ќе одиграат два контролни натпревари со репрезентациите на Хрватска и на Србија, екипи што исто така ќе учествуваат на Европското првенство.

Хрватска е домаќин на мини турнир што ќе се игра во Новиград – Цитанова, по име „Кроација Куп“.

Македонија денеска со почеток од 16:00 часот ќе игра против Хрватска, утре во истото време против Србија, а на 24 ноември ќе се сретнат репрезентациите на Хрватска и Србија.

Тимот предводен од Кристијан Грчевски денеска ќе игра со избраниот состав на поранешниот селектор на машката македонска репрезентација, Ивица Обрван.
Тој беше цел на бројни критики поради изборот на играчи за настап на ЕП, првенствено затоа што изостави три ракометарки меѓу кои и Ќамила Мицијевиќ, една од најмаркантнит хрватски ракометарки во моментов.

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска ќе се игра со почеток од 16:00 часот, а директен тв пренос од овој натпревар ќе врши хрватскот спортски канал TVMAXSport 1. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk