Се разработе мелницата Пик Сегед

Ракометна убавица одиграа екипите на Келце и Пик Сегед во Полска. Меч што ги задоволува вкусовите и на најприбирливите фанови.

Победи Сегед (35-31) како гостин и ја комплетираше врвната недела во која го совладаа и најголемиот ривал Веспрем.
Келце водеше во најголемиот дел од мечот, имаше Х фактор во дефанзивецот Томас Гебала кој се разигра и како напаѓач, но само еден таков фактор беше премалку против расположениот Сегед кој имаше многу поразновиден арсенал, подолга клупа и конечно, кога се кршеше резултатот, голманот Тулин кој ги имаше добро простудирано поранешните вардарци, Алекс и Карачиќ и им одбрани клучни шутеви, особено на шпанскиот бек.

И на втората унгарско-полска пресметка славеа Унгарците. Веспрем на домашен терен го совлада тимот на Висла Плоцк (30-26), а тоа е резултат што оди во полза и на македонскиот Пелистер.
Барса беше подобра од Нант (36-30), а Берлин го совлада Динамо Букурешт со 38-29.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk