Осмото коло од Лигата на шампионите ќе биде комплетирана денеска со четирите преостанати натпревари од кои два ќе бидат директно пренесувани на каналите на ТВ Арена Спорт.
Меч што ќе може да се следи во живо е дуелот во кој Фуксе Берлин го пречекува Динамо Букурешт. Германците ја следат праксата што во последните кола ја имаа ГОГ и ПСЖ на пример, па во екипата имаат вклучено четворица млади ракометари. Колку ќе добијат шанса ќе видиме, а Динамо со најсилниот состав доаѓа во германската престолнина.
Во слична позиција е доведена и Барса која покрај Дика Мем одново го загуби Јонас Карлсбогард (повреда на тренинг), а им недостасуваат во тимот уште двајца ракометари.
Келце и Сегед со силни состави се соочуваат во Полска. Се врати и Алекс Душебаев во тимот, па треба да бидат поконкурентни од досега.
И овој натпревар ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт 1 премиум.
Денеска:
18:45 Берлин – Динамо Букурешт (ТВ Арена Спорт 1 Премиум)
18:45 Веспрем – Висла Плоцк
20:45 Келце – Сегед (ТВ Арена Спорт 1 Премиум)
20:45 Барса - Нант