Радивојевиќ: Шанси и натаму постојат

Македонскиот првак и натаму е во игра за плсман во елиминциската фаза од Лигата на шампионите, откако одигра нерешено со данската Фредериција и сега има четири бода на салдото, но и дуел со Висла Плоцк, директниот ривал на домашен терен.
„Oва беше одличен меч, многу борба и добра одбрана. Во вториот дел се вративме во натпреварот по негатива, успеавме и да поведеме. Имавме шанса и да победиме, но и тие ја имаа.
Поддршката што ја добивме од трибините беше одлична од трибините и таа нè туркаше низ натпреварот. Сепак, бод е бод, не го загубивме мечот. Штета за загубениот бод, штета е што не победивме, но работиме напорно и одиме понатаму. Шансите за пласман во следната фаза постојат, имаме натпревари дома и на гости и сè е на нас“, изјави Радивојевиќ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk