Охрид раскина со хрватскиот бек

ГРК Охрид информираше дека ја раскинува соработката со хрватскиот десен бек Луцијан Бура кој сезонава од Унгарија пристигна покрај езерото.

Хрватот немаше забележителна улога во Охрид и неговото заминување не е изненадување, исто како што нема да бидеме изненадени ако има уште играчки измени во тимот кој има сигурна позиција на табелата, но веројатно очекувањата од нив беа поголемите.

Ракометар кој би требало да го замени хрватскиот бек е Бразилецот Винисиус Соуса кој настапува во екипата на Куманово.

фото: ГРК Охрид

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk