Спортинг го „разби“ младиот ПСЖ

Португалскиот првак Спортинг вечерва му нанесе еден од најтешките порази на ПСЖ во Лигата на шампионите и воедно стана првиот тим од оваа земја што успеал да го победи ПСЖ во Лигата на шампионите на ЕХФ.
Португалскиот тим предводен од браќта Кошта кои заедно постигнаа 15 гола (Мартим 9, Франциско 6) и исландскиот ас Торкелсон (7) го совлада францускиот тим со 11 гола разлика (39-28).
Вториот дел што Португалците го добија со 10 гола разлика беше особено импресивен, а за Спортинг ова е втор ваков резултат сезонава, откако во раната фаза од ЛШ со девет гола разлика победија уште еден капиталец – Веспрем.

Но, треба да напоменеме дека ПСЖ на овој меч настапи со видно изменета постава. Шанса да играат добија ракометари за кои веруваме дека прв пат слушате, а тоа се Лоредо, Пелека, Нарсис, Солие, Плантан (играчи од 19-22 години).
Натпреварот без постигнат гол го завршија Шипжак и Тонесен, а воопшто во составот не беа Лук Стеинс, Лука Карабатиќ, Андреас Палицка и повредениот Елохим Пранди.

Ова беше и првиот меч на тренерот Раул Гонзалез во ЛШ откако беше обелоденето дека заминува од ПСЖ и во јули ја презема репрезентацијата на Србија.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk