Пелистер испушти победа, но освои бод

Е. ПЕЛИСТЕР - ФРЕДЕРИЦИЈА 29-29 (13-16)

Втор натпревар по ред македонскиот првак освојува бод(ови) во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола, Пелистер и Фредериција од Данска одиграа нерешено, резултат со кој и двата тима можат да бидат подеднакво, задоволни и незадоволни. 
Резултатската нишалка можеше да застане во полза на кој било од тимовите, на крајот, ќе ја искористиме флоскулата - нерешено е најреалниот резултат. 

Данскиот претставник очигледно подобро подготвен во секој поглед во однос на натпреварот одигран на нивниот терен, вешто ги користеше сите слабости во одбраната на битолскиот состав и погодуваше од речиси сите позиции.
Зоната на битолчаните не се прослави во првите 30 минути оставајќи простор за игра за гостите, при што и голманите ја немаа потребната помош за да можат и тие да возвратат.
Фредериција поведе со два гола разлика и во текот на целиот прв дел резултатски натпреварот се сведе на обидите на Пелистер да ја стигне оваа негатива. Не успеа, на полувреме беше плус три за Данците (16-13).



На почетокот на вториот дел Кузмановски врза два гола во период од 10 секунди и ја намали негативата, а го врати тимот во игра.
Но, нивото на агресивност и подвижност во одбраната на македонскиот тим беше зголемена, со тоа стигна и поддршка од голманот Митревски и сцената беше поставена за поинаков меч од тој што се играше во првиот дел. 
Во 45 минута битолчани прв пат на мечот израмнија, а две минути подоцна прв пат поведоа. Имаше во два наврата Пелистер шанса да поведе и со плус два гола, но првиот пат Радивојевиќ лошо изведе пенал, а во втората таква ситуација при резултат 28-27, Хосни ја испушти топката. Потоа тоа беше казнето со два гола во мрежата на Митревски и Фредериција имаше 29-28 во последните две минути. 
Само еден гол беше постигнат до крајот, а двата тима имаа напад на нерешено во и не го искористија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk