ВЕСТИ: Загреб победи, тренерот мора да части

Новиот тренер на Загреб Велимир Петковиќ, недолго по неговата промоција за нов тренер на клубот, изјави дека ќе им плати ручек на играчите откако ќе го победат Магдебург.
Предводен од голманот Мандиќ кој имаше 20 одбрани, Загреб вечерва на дебии мечот на новиот тренер во ЛШ, со 22-18 го совлада Магдебург и покажа дека му е добредојдена оваа инјекција со промена на првиот човек, а Петковиќ ќе треба да ја покаже кредитната картичка на келнерот.
Што се однесува со Магдебург, тимот е непрепознатлив во однос на ланската сезона, што во најголем дел се должи на напорното лето во кое најголем дел од нивните играчи беа ангажирани и за Олимписките игри, дел се повредија, делуваат истрошено, особено за стилот на игра што го имаат и генерално, падот во нивната игра не е нешто што треба особено да изненадува.

На едно коло до крајот, познати се сите патници во Главната рунда на ЕХФ Европската Лига и сите екипи кои ја завршуваат европската сезона.
Екипите на ГОГ, Криенс (А), Монпеље, Грнољерс (Б), Бенфика, Лимож (Ц), Истад, Бидасоа (Д), Кил, Војводина (Е), Мелзунген, Порто (Ф), Флензбург, Татабања (Е), Гумерзбах, Тулуз (Г) продолжуваат во следната групна фаза од ЕХФ Европската лига. Новите групи ќе бидат формирани по принципот (А-Б), (Ц-Д)...

Од натамошното натпреварување на ЕХФ Европската лиха, елиминирани се екипите на Адемар, Горење (А), Бјерингбро, Жабже (Б), Кадетен, Татран (Ц), Глогов, Констанца (Д), Торелавега, Нексе (Е), Вардар 1961, Валур (Ф), Карвина, Сесвете (Е), Севехоф, Хафнарфјордур (Г)

Полскиот голман Адам Моравски е пред враќање во својата земја. Моравски во моментов брани за бундеслигашот Мелзунген, а следната сезона би можел да премине во редовите на вицепрвакот Келце.

Прославениот полски ракометар Бартош Јурецки е назначен за селектор на кадетската репрезентација на Полска.








 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk