Македонија на Кроација Куп, каде да гледате?

|Женската репрезентација на Македонија ќе биде еден од трите учесници на меѓународниот турнир Кроација Куп што од 22 до 24 ноември ќе се игра во Хрватска.
Покрај Македонија и домаќинот, на турнирот ќе учествува и репрезентацијата на Србија.
Натпреварите нема да се играат во Пореч како што беше планирано и најавено, поради зафатеност на салата ќе се играат со Новиград – Цитанова.

Македонија првиот меч ќе го игра на 22 од 16 часот против Хрватска, а следниот ден ќе игра со Србија исто така од 16:00 часот.
Двата натпревари ќе бидат директно пренесувани и ќе можат да се следат на ТВ Каналите MAXSport 1 (Македонија – Хрватска) и на MAXSport 2 (Македонија – Србија).

Првиот натпревар на ЕП 2024, репрезентацијата на Македонија ќе го игра на 28 ноември против тимот на Шведска. Во групата се уште и Турција и Унгарија, а натпреварите ќе се играат во унгарскиот град Дебрецин. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk