Дика Мем успешно опериран, но го пропушта СП 2025

Францускиот бек Дика Мем, ракометар на Барса е успешно опериран на клиника во Барселона и веќе е во период на рехабилитација, период што од терените ќе го одвои два до три месеца, објави каталонскиот клуб на својата веб страница.
Дика Мем се повреди на одложениот натпревар меѓу Барса и Адемар (42-25), дојагонистизирана му беше дислокација на десното рамо, нешутерска рака, но за санирање на повредата неопходна беше операција.
Французинот дефинитивно ќе го пропушти претстојното Светско првенство на кое ако сѐ оди според логичните предвидувања, Франција ќе игра и против Македонија во Вараждин во Главната рунда од мундијалот.

Foto: FC Barcelona

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk