Проклетството на Горење од 13 минути

Натпревар со интересен тек одиграа екипите на ГОГ од Данска и Горење од Словенија во рамките на петтото коло од ЕХФ Европската лига.

Данскиот тим го контролираше натпреварот, имаше плус пет гола на полувреме (16-11), водеше со седум гола разлика во 36 минута (20-13), но Горење не се предаде.

Трпеливо играа Словенците, нивните акции поминуваа, голманот Матевж Скок (мечот го заврши со 15 одб) функционираше и полека почнаа да ја топат разликата. Во 46 минута беа на само два гола негатива 21-23 и имаа два напада за да намалат на минус еден. Вториот беше контранапад што лошо го одиграа Словенците и ја пропуштија шансата комплетно да фатат приклучок.
Со промашениот контра напад, Горење како да си фрли клетва. Сѐ што направија од тој момент до крајот на мечот беше наопаку. Не постигнаа во (по)следните 13 минути ниту еден гол, промашуваа зицери, добри позиции, грешеа почетнички, иако против себе имаа и постава во која имаше и кадети (17-18 годишни играчи).
Примија седум гола и мечот го завршија со пораз од 10 гола разлика (21-31).

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk