Табоада преговара со Кил, а може ќе игра и за Холандија

Почнаа да цветаат ружи во кариерата на кубанскиот интернационалец Рение Табоада, ракометар кој пред три години играше за македонскиот тим Пелистер.
Табоада сега е член на данска Фредериција и ќе го гледаме уште утре во Битола на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу данскиот и македонскиот претставник.

Табоада можеби ќе го гледаме и на СП во Вараждин и тоа на дуел со Македонија, како репрезентативец на Холандија. Кубанецот кој има сопруга од Холандија еднаш беше одбиен од ИХФ за натурализација, не го исполнува условот 36 месеци непрекинато живеење на територијата на федерацијата, но овој пат користејќи едно „скришно“ патче во прописите на Светската ракометна федерација би можел да добие дозвола за настап.

Новитет околу Кубанецот е што тој наводно преговара за трансфер во Кил. Таму би дошол како замена за Швеѓанецот Карл Валиниус кој веќе замина од „стадото на зебрите“. Фредериција, пак, веќе има спремна замена. Имено, Михаел Дамгард, бекот на Магдебург откако одработе 10 години во странство, бара клуб во Данска каде би се врати од емиграција и Фредерација се споменува како добра дестинација.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk