Денеска: Валур - Вардар 1961, Каде да гледате?

Македонскиот претставник во ЕХФ Европската лига, екипата на Вардар денеска ќе гостува на Исланд каде што ќе го одигра натпреварот од петтото претпоследно коло од Прелиминарната рунда на натпреварувањето.
На македонскиот тим му е неопходна победа како би ги одржал во живот шансите за пласман на второто место, но и тоа е условено со победа и во следното коло над Мелзунген во Скопје и два пораза на Порто кој ќе игра на гости во Германија и дома со Валур.
Шансите се теоретски, на македонскиот тим е денеска да победи за да остане во игра, па во последното коло, ќе се случи - тоа што ќе се случи.

Натпреварот меѓу Валур и Вардар ќе се игра со почеток од 20:45 часот, а директен ТВ пренос ќе има на каналот ТВ Арена Спорт 4.

Денеска на каналите на ТВ Арена ќе можат да се следат уште три натпревари во кои ќе играат екипите од регионов.
Од 18:45 часот ќе играат ГОГ и Горење (ТВ Арена Спорт 3 Премиум) и Сесвете – Флензбург (ТВ Арена Спорт 2).
Во терминот од 20:45 часот, покрај дуелот Валур – Вардар (ТВ Арена Спорт 4) ќе играат уште и Војводина – Нексе (ТВ Арена Спорт 3).

Фото: RK Vardar 1961
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk