ТОП ВЕСТИ: Барса ги враќа позајмените, Флензбург доминираше во Кил...

Барса ќе ги врати во своите редови двајца позајмени ракометари. Иан Баруфет се враќа од Мелзунген каде што игра под команда на Гарсија Парондо, а од Монпеље ќе се врати Ѓорѓе Цикуша, братот близнак на Петар кој веќе прераснува во голема ѕвезда. Ѓорѓе Цикуша ќе биде алтернативата за Мелвин Ричардсон кој ќе се пресели во екипата на Висла Плоцк.

Флензбург го доби најголемото германско дерби, дуелот со Кил на гостински терен со резултат 37-33 и покрај слабиот старт на натпреварот. Кил поведе со 7-2 и 9-3 на почетокот на мечот, но голманот Кевин Мелер и особено напаѓачката формација на Флензбург беа пресилни за зебрите и го променија текот на натпреварот уште во првиот дел кој заврши (17-17).

Шведскиот бек Вилијам Богојевиќ, ракометар на ПИК Сегед официјално стана член на екипата на Лајпциг која бараше замена за чешкиот бек Матеј Клима за кого сезоната поради повреда на коленото е веќе завршена.

Екипата на Фредериција, следниот противник на Пелистер во ЛШ, потпиша договор со норвешкиот репрезентативен голман Сандер Хејрен кој беше дел и од олимпискиот тим. Од екипата заминува голманот Торстен Фриес.

Најдобрата норвешка ракометарка и една од најдобрите во светот воопшто, Хени Рејстад, во пресрет на ЕП 2024, потпиша нов договор со данскиот тим Есбјерг каде што би требало да остане до 2027 година.







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk