Алекс Влах потпиша за Келце

Словенечкиот бек Алекс Влах потпиша договор со полскиот вице-првак Келце со важност од две години, почнувајќи од 2026.
Алекс Влах во меѓувреме ќе го одработи својот договор со екипата на Алборг од Данска каде што блесна сезонава откако претходно од 2019 година играше за Загреб и за екипата на Целје каде што не го достигна својот врв.
Во Данска кариерата му тргна во нагорна линија, стана еден од главните играчи на тимот, а и во репрезентацијата на Словенија, па следеше побогата понуда од Полска.
Покрај Влах, за трансфер во Келце сериозно се зборува и за левиот бек на Шпанија, Агустин Касадо од екипата на Веспрем, а од денеска оваа листа е побогата со уште едно познато име - Лука Ловро Кларица, десниот бек на Загреб наводно е цел на Келце од 2026 година. 

Ако не знаевте: Алекс Влах беше во комбинација за трансфер и во Металург своевремено додека беше играч на матичниот Копре, но понудата од Загреб беше побогата и поконкретна.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk