Чаир е во 1/8 финале на ЕХФ Куп!

Екипата на ЖРК Чаир, единствениот женски претставник на Македонија што опстана на европската сцена се пласираше во Топ 16 на ЕХФ Европскиот Куп.
Чаир двата меча од третото коло на ЕХФ Куп против португалската екипа Колего ди Гаја ги играше во скопска „Автокоманда“ и иако според траидицијата и ранкингот беше аутсајдер, победи на двата натпревари и се пласираше во 1/8 финалето.
На првиот меч одигран вчера, Чаир забележа победа од 29-25, а вечерва го верификуваше пласманот со победа од 28-26.
Стефанија Ѓоргиевска со 10 гола од 12 обиди и Теодора Дукоска со седум гола од девет обиди беа најефикасните ракометарки на Чаир вечерва.
Ждрепката за 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп ќе се одржи во вторник, а Чаир ќе биде во првиот шешир.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk