ТОП ВЕСТИ: Колкава ќе биде платата на Нилсен, Сегед испрати помош во Лајпциг...

Унгарскиот клуб Пик Сегед го испрати на позајмица во Лајпциг шведскиот интернационалец Вилијам Богојевиќ. Германскиот тим се најде во лоша ситуација поради бројни повреди и помош побара од унгарскиот клуб, кој го испраќа Богојевиќ веднаш на бундеслигашката сцена.

Покрај бројните информации што не се без основа во кои Веспрем бара играчи за следната и за сезоната по неа, има и ново инфо. Имено, Веспрем како замена за Лудовик Фабрегас кој на лето се враќа во Барса, го сака пикерот на Флензбург, Лукас Јоргенсен. Тој, пак, има договор до 2026, па ако Веспрем го сака, ќе мора да плати отштета.

Келце е одново актуелен на пазарот на играчи. Две имиња за кои наводно е заинтересиран полскиот вицепрвак се Алекс Влах од данскиот Алборг и Агустин Касадо, бекот на Веспрем.

Добрата вест за Келце е што во игра се враќаат повредените Алекс Душебаев и голманот од БиХ, Бекир Чордалија, а не се многу далеку од кам бек ниту Хасан Кадах и Симон Сичко.

Според скандинавски медиуми, данскиот голман Емил Нилсен кој реши следното лето да се пресели од Барса во Веспрем, во Унгарија ќе заработува од 40 до 50.000 евра месечно.

Флензбург потпиша двегодишен договор со германскиот репрезентативец Лука Вицге. Германскиот плејмејкер доаѓа во Флензбург како замена за Јим Готфридсон кој на лето се сели во екипата на Пик Сегед од Унгарија.


foto: FC BArcelona

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk