Иваноски МВП, Дубочица победи на гости

Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, кој како позајмен играч од Алкалоид настапува за српската екипа Дубочица беше прогласен за МВП на натпреварот што неговата екипа го доби како гостин 31-30, со тимот на Рудар. Михаил Иваноски беше стрелец на осум гола за Дубочица која сега се искачи на петтото место на табелата.

Инаку, Дубочица остана без тренер, откако Златко Петронијевиќ поднесе оставка. Тоа се случи по домашниот пораз од Металопластика минатото коло (32-33) на натпревар на кој Дубочица промаши пенал и зицер во последните секунди за реми.

Photo: RSS

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk