Алкалоид доби полски судии за ЕХФ Куп

Десетина дена го делат РК Алкалоид од двојниот меч со австриската екипа Вест Виен во рамките на третото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Европската ракометна федерација ги одреди судиите за овој двомеч, а тие ќе дојдат од Полска. Филип Фанер и Лукас Кубис се парот што ќе дели правда на двата натпревари, а делегат ќе биде Србинот Борис Ивановиќ.

Алкалоид и Вест Виен двата натпревари ќе ги играат во скопска Автокоманда, а во третото коло од ЕХФ Куп два меча на домашен терен ќе играат и екипите на Леотар Требиње против Драмен од Норвешка, грчката екипа Диомидис Аргус против Арендал од Норвешка, чешкиот тим Ловосице против Бриксен од Италија, азербејџанскиот Ќур против Хаукар од Исланд и грчки Олимпијакос против Ловќен од Црна Гора.







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk