-
17.11.2024
-
Вести, Планета ракомет
Се одигра големото дерби во Грција во кое АЕК како гостин го совлада Олимпијакос (28-26) и му го нанесе првиот пораз на тимот што од клупата го води поранешниот тренер на Пелистер, Жељко Бабиќ.
АЕК и Олимпијакос се сосема нови концепти сезонава. АЕК има француски тренер, Фредерик Бужан, а тој доведе пет Французи во екипата од кои дел се добро познати имиња како голманот Јан Женти, потоа екс играчите на ПСЖ Адама Кеита и Дилан Гаран.
Со петте Французи не е затворен кругот на странци, напротив таму има и голмани од Израел и Турција, потоа крило од Сенегал, има и двајца познати Португалци, а тоа се Жилберто Дуарте и поранешниот играч на Пелистер, Вилсон Дејвис, има Хрват, Германец, Данец, Норвежанец и само четири грчки ракометари.
Жељко Бабиќ во Олимпијакос има многу повеќе домашни играчи, а од странците се определи за играчи од Балканот, па така во тимот на Олимпијакос се поранешниот играч на Пелистер, Јосип Периќ, Србинот Предраг Вејин, Хрватите Иван Слишковиќ и Иван Вида, како и Црногорецот Лука Вујовиќ. Другиот дел од тимот се Грци.
На теренот, разлика правеше голманот Јан Жанти, најдобар стрелец во победничкиот тим Младен Матиќ кој игра под норвешко знаме, а клучниот гол за победа го постигна Вилсон Дејвис, тоа беше неговиот трет погодок со што во клучниот напад го постави конечниот резултат од 30-28.
Поврзани вести