Пик Сегед му зема мерка на Веспрем

По низа порази од големиот ривал, екипата на ПИК Сегед, конечно, успеа да го совлада Веспрем во меч од домашното првенство.
Натпреварот, гледајќи го тв преносот – нова сала, полни трибини со навивачи брендирани во дресовите на актерите, лед реклами, пренос со повеќе камери, однесување на играчите на теренот итн. организациски не заостануваше во ниту еден поглед од дуелите во Лигата на шампионите, со што е кренато нивото на унгарскиот ракомет, а на нивните фанови им е послужена врвна претстава.

Од натпреварувачкиот дел, ПИК Сегед победи со резултат 28-24, a Веспрем беше во игра се до две минути до крајот, кога при резултат 25-24, крилото Пасквал јуниор го промаши од добра позиција целиот гол што беше казнето со погодок за 26-24, а потоа во брзањето Веспрем отиде уште два гола во минус. Голманот Роланд Миклер беше јунакот на Сегед.
Роланд Миклер брани во врвна форма и е сместен на поширокиот список на Чема Родригез за настап на СП каде што во првото коло Унгарија ќе игра со Македонија. Но, Миклер по Олимписките игри најави збогување со репрезентацијата, па останува да видиме дали е на списокот колку да го има во албумот со сликички и да дојде на помош во случај на крајна потреба, а тоа, сепак, не би требало да се случи уште во првото коло.






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk