Алкалоид го реши и Охрид

ГРК ОХРИД – РК АЛКАЛОИД 22:29 (14:16)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Контролори: Драган Начевски и Ацо Николовски
ГРК ОХРИД: Чаневски, Ојлески 1, Мацуока, Јукиќ 2, Шипинкоски, Тасески 4, Сафранко 2, Јотиќ 1, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 4, Кукуловски 1, Орјоникидѕе 2, Бојаниќ 1, Цирар 4, Ѓорѓески
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 4 мин. 
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов, Маркоски, Младеновиќ 1, Серафимов 12, Карасманакис, Стојковиќ 2, Митев 5, Ѓоргиев 1, Велковски 1, Симоноски 1, Бинго 2, Франциско 2, Петковски 1, Савревски 1
Седмерци: 8/8 Исклучувања: 8 мин. 

Екипата на Алкалоид го совлада домашниопт ГРК Охрид и го подрасипа славеничкото расположение на охридските навивачи кои прославуваат 35 роденден. Алкалоид и по 11 кола останува единствениот тим што немза загубен бод сезонава во Суперлигата, односно има 100% победи од почетокот на сезоната во сите натпреварувања. 

Гостинскиот терен во Охрид е жежок терен, таков ќе остане за сите гости сезонава. Стевче Алушовски има одличен тим со бројни странски засилувања и никој нема да се изнаигра против нив, особено во „Билјанини извори“. 
Тоа вечерва само делумно важеше за Алкалоид годинава не им дозволи на домашните никаква шанса да се надеваат за позитивен резултат. Израмнетиот прв дел заврши со два гола предност за Алкалоид, а во второто полувреме скопскиот тим беше сѐ посигурен во тоа што го прави и што го игра, наспроти домашните кои не можеа да врзат константен ритам и игра и почнаа да тонат. 
Мартин Серафимов со 12 гола доминираше на листата на стрелци следен од Марко Митев кој имаше пет гола, а голманот Галевски беше голем проблем за домашните притоа собра седум одбрани во вториот дел.

Од средната на полувремето, Алкалоид премина во водство од пет гола разлика, го одби налетот на домашните и потоа комплетно контролираше сѐ што се случуваше на теренот доаѓајќи со убедлива победа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk