Деби на Милано, кам бек на Горига

СТРУГА - ВАРДАР 1961 25-34 (15-16)
Костоски 9, Мијушковиќ 5 - Ансер 6, Јагуриновски 5

Актуелниот вице-првак Вардар ја совлада Струга на гостувањето во последното коло од првиот полукруг во Суперлигата. 
Црвено-црните со нов кормилар запловија низ струшките води, а за одбележување е и враќањето на терен на украинскиот бек Димитро Горига кој беше отсутен од теренот повеќе од еден месец. 

Вардар без голема драма ги освои бодовите, но не беше се мазно за Гиљермо Милано на неговото деби. Иако Вардар поведе со 5-1 на стартот на мечот, стружани се вратија во игра, беа рамноправни цело прво полувреме и по 30 минути имаа само еден гол негатива (15-16).
На почетокот на вториот дел Струга во еден момент дури и премина во водство (17-16). Кратко потоа, по резултат 18-19, Вардар влезе во подобар ритам, поведе со 23-19, потоа беше и 26-20 и до крајот на средбата немаше поголеми проблеми. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk