Нов договор за Гудјон Сигурдсон

Некогашниот исландски ракометар, Гудјон Валур Сигурдсон, кого многу македонски репрезентативци сигурно нема да го заборават додека се живи, успеа во своето тренерско деби од екипата на Гумерзбах повторно да направи респектабилен клуб кој може да игра и за (по)големи резултати.
Сигурдсон го презема Гумерзбах во 2020 додека беше второлигаш, во 2021/22 го врати во елитата, а годинава играат и во Европа со тоа што во Бундеслигата се на петтото место, но само два бода помалку од лидерот.

Клубот реши и во следните три години довербата да му ја даде на исландскиот ас и потпиша нов договор со важност до 2027. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk