Шок за Франција: Дика Мем го пропушта СП!

Елохим Пранди, Килијан Вилмино, Кентан Мае, а сега и Дика Мем. Четири француски играчи се повредија месецов и тоа со сериозни повреди што ќе ги одвојат од теренот со месеци. 
Барса денеска ја соопшти дијагнозата на Дика Мем кој се повреди на заостанатиот меч од Асобал лигата со Адемар. 
Дика Мем мора на операција на десното дислоцирано рамо. Оваа повреда ќе го оддалечи од теренот три месеци! 
Отсуството на Мем ќе биде и сериозен проблем за Барса каде што игра главна улога, иако и таму како и во репрезентацијата ќе биде заменет со Мелвин Ричардсон. Барса во ЛШ само на еден меч загуби бод, другите се победи, па би требало и без Мем во тимот да се пласира директно во 1/4 финалето на ЛШ. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk