Партизан доведе екс играч на Вардар и Металург

Екипата на Партизан е решена да го преземе тронот на кој веќе 11 години по ред е Војводин. И решен е тоа да го направи со купување на многу нови играчи со кои комплетно ќе ја смени физиономијата на својата екипа и ќе има ростер што ќе биде фаворит и на хартија и ќе има индивидуален квалитет и кога не оди, да се потпре на поединци. 

Последното засилување за Партизан е поранешен играч на Вардар и на Металург, црногорскиот бек Стеван Вујовиќ (34). Стеван Вујовиќ во последните 14 години смени 15 екипи, а патот трипати го носеше кон Скопје. Во 2007 стигна во Вардар и беше овде до 2009, потоа во 2011 повторно дојде во Вардар и остана до крајот на сезоната и потоа во 2016 беше дел од Металург. 
Во Партизан доаѓа од романската екипа Баја Маре каде што се задржа најдолго во кариерата и играше од 2021 година досега. 

фото: By Wenflou

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk