Ништо од мега рекордот на Арињо?!

Аитор Арињо (32) е дете на Барса, еден од ракометарите што целиот живот го минале во матичниот клуб. Тоа му донесе своевидна привилегија да жнее пехари со најуспешниот светски клуб до таа мерка, што потенцијално стана играч кој би можел да освои најмногу пехари во Барса, не само во ракометниот колектив, туку воопшто во сите клубови што се под капата на ФЦ Барселона. Таа титула во моментов му припаѓа на голман на хокеј на трева (Аитор Егурола, 78 пехари), а Аитор Арињо е десетина пехари зад него. Барса обично освојува 5-6 пехари во сезона и малку му недостасува на Арињо да стане број 1 на Барселона и таа „титула“ да ја носи со години.

Но, се чини дека нема да има ништо од мега рекордот на Арињо. Неговиот договор со Барса истекува следното лето, а Барса изгледа дека нема намера да му понуди нов. Не само тоа, туку планира комплетно да ги замени двете леви крила и место Хампус Ване (Пик Сегед) и Аитор Арињо да доведе помлади и поефтини решенија како Дани Фернандез и Јан Баруфет.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk